Фаворитите паднаа на теме

Квалификациите за ЕП 2020 требаше да бидат прошетка за фаворитите, но по првите две кола не можеме да постигнеме да ги наброоиме сите изненадувања што се случија. 
Возот тргна од Подгорица каде што Црна Гора загуби од Фарски Острови, па замина за Белград каде што Белгија и откина бода на Србија, за во второто коло уште еднаш во вагонот „разочарување“ да се качи Србија со поразот од Швајцарија. 

Но, меѓу патниците има многу познати лица. Македонија на пример. Неславни денови за најславниот македонски состав и фијаско во Кожани од Грција. 
За да не сме само ние во центарот на вниманието се погрижи и Полска со сензационалниот пораз во Израел (24-25). 

Има и такви што рекоа:

„Немавме идеја. Имаме уште шанси да се пласираме на ЕП, но не со мене како селектор. Ако победевме ќе останев, сега нема веќе поента“. 

Ова се зборовите на Артурас Јушкенас, довчерашниот селектор на Литванија, кој по поразот на домашен терен од Португалија и дебаклот во првото коло од Франција, реши да даде отказ на позицијата селектор. 



КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

Група „1“
Полска – Косово          37-13 (15-5)
Германија – Израел      37-21 (19-9)
2. КОЛО:
Израел - Полска    25-24 (12-12)
Косово - Германија  14-30 (5-15)

Група „2“
Србија – Белгија          27-27 (15-14)
Хрватска – Швајцарија  31-28 (15-16)
2. КОЛО:
Швајцарија - Србија   29-24 (12-11)
Белгија - Хрватска    25-30 (12-18)

Група „3“
Македонија – Турција   31-27 (17-13)
Исланд – Грција           35-21 (17-13)
2. КОЛО:
Грција - Македонија   28-26 (12-13)
Турција - Исланд    22-33 (13-16)

Група „4“
Холандија – Естонија   35-25 (17-10)
Словенија - Летонија 27-21 (14-7)
2. КОЛО:
Летонија - Холандија   29-25 (17-11)
Естонија - Словенија   20-31 (11-16)

Група „5“
Чешка –Финска 31-27 (15-12)
Белорусија – БИХ        29-30 (16-12)
2. КОЛО:
Финска - Белорусија   20-27 (8-15)
БиХ - Чешка   20-25 (10-12)

Група „6“
Португалија – Романија      21-13 (10-7)
Франција – Литванија      42-27 (21-10)
2. КОЛО:
Литванија - Португалија  23-24 (10-12)
Романија - Франција    21-31 (9-12)

Група „7“
Унгарија – Словачка     30-22 (16-9)
Русија – Италија           34-20 (18-7)
2. КОЛО:
Италија - Унгарија   22-30 (10-15)
Словачка - Русија    21-22 (12-10)

Група „8“
Ц. Гора – Ф. Острови   24-24 (10-15)
Данска – Украина         30-24 (12-12)
2. КОЛО:
Ф. Острови - Данска   17-35 (8-17)
Украина - Ц. Гора    29-24 (15-12)
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk