Без ознаки, без инциденти

Еден од потенцијалните проблеми што можеа да се јава на натпреварот меѓу Грција и Македонија одигран во Кожани, не беше директно врзан со играта на теренот. 
Чувствителна е ситуацијата секогаш кога играле Македонија и Грција, посебно во овој период. Најавите кои добија дополнителна гас низ медиумите, главно се сведоа на желбата за поголема читаност. 

Грција воведе спцијални мерки со оглед на тоа дека средбата се играше во близина на македонската граница. Големо полициско обезбедување имаше и во хотелот и пред и околу салата, а репрезентацијата, гостите од Македонија и новинарите исто така добија полициска придружба. 

„Останете во хотелот, ќе бидете испратени до салата, а потоа со придружба ќе си заминете. Не смеете сами и на своја рака да одите во градот“, ни објасни полицискиот начелник во свечена униформа (во Грција се славеше денот на Армијата). 
„Не се грижете за ништо. Нема најави за никакви инциденти, ова го правиме само како мерка за внимателност“, додаде. 


Немаше никакви инциденти. Не можеме ни да се „пофалиме“ дека видовме некоја фрекфенција на луѓе и автомобили. Во салата бројот на гледачи беше ограничен и само со покана можеше да се влезе на натпреварот. Гледачите, а ги имаше неколку стотини, беа културни и пристојни. Немаше ниту еден свиреж за македонските играчи и за нашата химна. Вонн спортскиот дел. Дури и кога во полупразната сала силни згрме „Денес над Македонија“, од грлата на ракометарите. Подголтнаа Грците на трибините, ја испратија со скромен аплауз химната и продолжија понатаму.
Ниту околу салата каде што имавме и директен контакт со грчката публика, немаше ни реакција ни остри погледи. 

На паркетот, пак, играчите немаа ознаки. Ниту на тренинг маичките ниту на дресовите. Не само Македонците. И на грчките дресови не пишуваше ниту Greece, Hellas или пак GRE. Ниту на новинарските акредитации не пишуваше кој и кој играат. Искрено не обрнавме ни којзнае колкаво внимаение, па не исклучуваме и да сме грешка, но не приметивме на трибините ниту знамиња со Ѕвездата/Сонцето на Виргина. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk