Раул: Бевме катастрофа

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалез, не даде многу одговори за нашата игра. Главно резимираше тоа што сите имавме можност да го видиме. 

„Бевме катастрофа. Не игравме добро ни во напад ни во одбрана. Почнавме добро, Митревски бранеше одлично, но промашивме неколку чисти шутеви.
Сите и гледачите и новинарите сакаат да бројат со колкава разлика ќе ги победиме Турција и Грција, но треба да знаеме дека тоа не е така лесно. Противниците се јаки, треба да имаме почит кон нив, да играме тимски. 
Сите знаеме дека Миркуловски е многу важен играч во тимот, но кога него го нема, тогаш треба да играат другите. Јас мислам дека овде беа најдобрите играчи на Македонија. Кажете ми вие кој е подобар, а не е викнат“, изјави Раул.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk