Андреа Лекиќ го спаси дебито на Ѓукиќ

ЧСМ Букурешт под водство на новиот тренер, Драган Ѓукиќ, успеа за момент да излезе со главата над водата и да земе малку воздух. 
По двата врзани порази (Влчеа и Битенхајм), по кои следеше смена на тренер, со само два дена тренинзи со новиот стратег, ЧСМ замина на гости во Норвешка, кај Кристијансанд. 

Андреа Лекиќ се погрижи натпреварот да биде решен во корист на романскиот тин. ЧСМ победи со 29-27, а Ѓукиќ мораше тренерски да се докажува и да бара тајм аут во последната минута со оглед на тоа дека на семафорот беше 27-28. 

Последниот шут беше за 29-27, а го реализираше Андреа Лекиќ. Тоа беше нејзиниот гол број девет на натпреварот со што беше и најсефикасна. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk