Јагањац: Металург, ти благодарам

Металург работеше напорно од почетокот на сезоната за прва радост и конечно на дуелот со Татран Прешов, неочекувано, трудобт беше награден. 

Металург победи 30-28 и ја запиша првата победа, не само во СЕХА, туку и во целата сезона. 

Мечот беше посебен. Поради административни доцнења, Александар Шпенде се уше нема дозвола за настап, а од истите причини Халил Јагањац доби шанса да одигра уште еден натпревар за Металург. 

„Ова беше многу емотивен меч за мен, очигледно. Покажавме дека иако сме млада екипа, можеме да победуваме доколку играме како тим. 
Сакам да му се заблагодарам на Металург за се досега. Се надевам дека не ги разочарав. Тешко ми е што си заминувам, но полесно е кога знам дека заминувам со победа. Од првиот ден овдека сите ме прифатија и не можам да најдам доволно зборови за да се заблагодарам на сите“, изјави Јагањац. 

Тренерот на тимот Данило Брестовац му посака среќа во кариерата на хрватскиот бек, кој да потсетима штом ги добие потребните документи ќе игра за екипата на Нексе. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk