Екс тренер на Вардар ќе го води ЧСМ

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на машката репрезентација на Македонија, Драган Ѓукиќ, се нафати за седна на најжешкото столче во женскиот ракомет. 

Тој денеска е промовиран во нов тренер на ЧСМ Букурешт, само неколку часа откако беше соопштено дека Јохансен има отворена врата да замине. 

Драган Ѓукиќ последно беше селектор на Црна Гора од каде беше заменет со Зоран Рогановиќ. Се работи за исклучително квалитетен тренер кој би можел да биде локомотивата што ќе го повлече романскиот тим надвор од тунелот. Беше селектор на В. Британија на ОИ Лондон, тренер во Израел, а на страниците на g-sport,mk можевте да уживате и во неговите колумни напишани за нашиот портал. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk