ЧСМ го отпушти тренерот

ЧСМ Букурешт успешно го одбрани имиџот на клуб што менува тренери по секој пораз. Овој пат му дојде редот на Магнус Јохансон кој беше доведен летово, а не издржа ниту еден месец од почетокот на сезоната. 

Два врзани пораза, од Битенхајм во Лигата на шампионите и од Влчеа во домашното првенство, беа премногу за нетрпеливата управа на ЧСМ Букурешт и тој доби отказ воочи третото коло на ЛШ. Клубот, ја потврди информацијата дека Јохансон заминува. 

ЧСМ Букурешт сезонава се засили со четири ракометарки на Вардар (Лекиќ, Цвијиќ, Лазовиќ и Радичевиќ) во клубот им останаа бројни ѕвезди, првенствено Кристина Неагу, но не играат како што треба. 

Кој ќе биде новиот тренер, засега е отворено прашање. Тоа е екипа со потенцијал да ја освои Лигата на шампионите, но никако не можат да пронајдат хармонија и хемија меѓу играчите, управата и тренерот. И тоа трае со години, рековме стана нивни заштитен знак. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk