ШАХ: Против Бер Шева за крај на ЕКК

Алкалоид го загуби мечот со Валеренга (2.5-3.5) и со тоа и шансите да го освои пехарот на Европскиот Клупски Куп (ЕКК) што се игра во Грција. 
Динг Лирен на првата табла (фото) беше во подобра позиција против најдоброрангираниот шахист на турнирот, Магнус Карлсен. Долго се препотуваше Карлсен, но на крајот успеа да извлече реми. Сите други партии исто така завршија без победник, освен за жал, партијата меѓу Нилс Гранделиус и Димитри Андрејкин. Таа заврши со победа на шахистот на Валеренга и со тоа и мечот му припадна на норвешкиот тим. 

Денеска Алкалоид ќе игра против израелската екипа Бер Шева, по што ќе го имаме и конечниот пласман на турнирот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk