ШАХ: Алкалоид денеска на се или ништо

На две кола до крајот на Европскиот Клупски Куп што се игра во Порто Карас, Грција, ќе се водат директните битки меѓу четирите најдобри тима досега. 

Откако во петтото коло Алкалоид одигра 3-3 со Падова, а Валеренга го совлада Олдар Јурду, се издвои квартет на непоразени екипи, сите со по еден нерешен меч, што директно ќе решава за големиот пехар. 

Денеска Алкалоид игра против Валеренга, екипа што во своите редови на првата табла го има најдоброрангираниот Магнус Карлсен (2839). На другите табли, подобро котира македонскиот претставник. Падова пак ќе ги врксти фигурите со Нови Бор и оттука почнуваат битките на се или ништо. 





Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk