Брестовац ја поднови кадетската репрезентација

Машката кадетска репрезентација на Македонија следното лето ќе биде домаќин на Светско првенство, кое во моментов брои 24 тима, но можно е да биде проширен и на 32 репрезентации. 

По неуспешниот обид на ЕХФ Шампионатот во Грузија да се избори за настап на следните две ЕХФ ЕУРО првенства, продолжуваат со подготовките за мундијалот и турнирот што во декември ќе се одржи во Македонија. 

Данило Брестовац повика 22 ракометари за неделата на ЕХФ. Ќе тренираат во Скопје, а целта е да се „подноват“ со ракометарите кои поради повреди не можеа да настапат на ЕХФ Шампионатот и да им се даде шанса и на другите играчи што не беа во комбинација за пат во Грузија летово. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk