INTO THE DARK (TV 2018)

Into the Dark е нова тв серија на HULU во која секоја епизода е посебен хорор филм посветен на некој празник. Првата епизода како што прилега е за Halloween. 

Не знаеме дали идејата е да се направи филм по моделот на Тарантино - Родригез, секако има влијание од нив. Има и елементи, дијалози во стилот на филмот Sin City на пример.

Добро? Лошо? Од што е лошо е добро? Ремек дело секако не е. ИМДБ засега го оценува со 6.4...
Би требало да е хорор или можеби е комедија? Ќе излажеме ако кажеме дека во неколку наврати не не насмеа. Последните сцени го сместуваат во категорија хорор... 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk