ШАХ: Вердер покосен со 5-1

Во третото коло на Европскиот Клупски Куп, Алкалоид го совлада Вердер Бремен од Германија со 5-1. Ремизираа кинеските шахисти Динг Лирен и Ју Јангжи на првите две табли, додека другите четири шехисти на Алкалоид запишаа победи. 

                                                                


Одлар Јурду запиша максимална 6-0 и сега на вкупната табела е на првото место со 17.5 бода, еден повеќе од Алкалоид и Падова. 



Денеска Алкалоид игра многу тежок натпревар, меч кој може да игра голема улога во конечната табела. Противник му е Медњи Всадник од Ст. Петербург, еден од најсилните клубови на турнирот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk