ШАХ: Втората победа е со 5.5 поени

Во второто коло на Европскиот Клупски Куп, Алкалоид со 5.5 - 0.5 го совлада израелскиот тим Реховот. Павел Ељанов ремизираше со црни фигури протир Александар Златин и тоа беше единствениот загубен (пола) поен за Алкалоид. 

                                                                

И другите големи ривали за шампионскиот пехар на македонскиот клуб не победија со максимални бодови. Нови Бор од Чешка е единствената екипа која има 12 бода по две кола, веднаш зад нив се Алкалоид и Одлар Јурду со 11.5. 

Денеска, во третото коло Алкалоид ќе игра со Вердер Бремен. 

Вториот македонски клуб Гамбит Асеко е на 16 место, со 8 бода, откако одигра 3-3 со Тесаолники. 


Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk