Прокоп пак им направи хаос на Германците

Веројатно паметите дека пред почетокот на ЕП Хрватска, новиот и оспоруван селектор на Германија, Крстијан Прокоп извади список со кој германската јавност и нивните стручњаци не се согласуваа. Немаше познати имиња како Фин Лемке на пример, имаше новитети што се покажаа како најлошите играчи на Германија на турнирот. 

По слабиот резултат и најавите дека неколку играчи не сакаат повеќе да играат за него, имаше серија на состаноци, се гласаше за негова доверба и на крајот некако се смирија страстите. 

Некое време беше мирно, а сега Кристијан Прокоп го објави новиот список. Противници се Косово и Израел, екипи што Германија веројатно и со состав од втората лига би ги победила, но неколку измени во тимот повторно ги разлутија Германците. 

Оправдано поради повреда ги нема Пол Друкс и Штефан Фет, но на овој список ги нема ниту Каи Хефнер, Роберт Вебер, па ниту новиот вардарец Кристијан Дисингер. 
Тоа што ги налути Германците е повикот за Матрин Штробл, ракометарот на Балинген, клуб од Втората Бундес лига. Тука се и новитетите Фабијан Бом, Тим Сутон и Франц Семпер. 

Во тимот е и најголемиот противник на Прокоп, голманот Андреас Волф заедно со Хајнефетер и уште едно ново име - Дарио Квинстет
 

Голмани: Silvio Heinevetter (Fuechse Berlin), Dario Quenstedt (SC Magdeburg), Andreas Wolff (THW Kiel)
Леви крила: Uwe Gensheimer (Paris Saint-Germain), Matthias Musche (SC Magdeburg)
Леви бекови: Fabian Boehm (TSV Hannover-Burgdorf), Julius Kuehn (MT Melsungen), Finn Lemke (MT Melsungen)
Централни бекови: Niclas Pieczkowski (SC DHfK Lipsk), Martin Strobel (HBW Balingen-Weilstetten), Tim Suton (TBV Lemgo)
Десни бекови: Franz Semper (SC DHfK Lipsk), Steffen Weinhold (THW Kiel), Fabian Wiede (Fuechse Berlin)
Десни крила: Patrick Groetzki (Rhein-Neckar Loewen), Tobias Reichmann (MT Melsungen)Пикери: Jannik Kohlbacher (Rhein-Neckar Loewen), Hendrik Pekeler (THW Kiel), Patrick Wiencek (THW Kiel)

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk