Т. Пролет ќе дебитира во ЕХФ Куп

Минатата сезона Тинекс Пролет ја заврши со победничко селфи за да го одбележи излезот на европската сцена. Нивно четврто излегување во Европа во историјата. 
Пролет досега не успеал да мине ниту едно коло и тоа во далеку послабниот Челинџ Куп. Сега за прв пат ќе игра во ЕХФ Куп.
Па сепак, тимот од Скопје е рекордер на Македонија по висина на победа на европски натпревар. 

На своето деби во Европа во 2009 година, ја совладаа англиската екипа Олимпија (61-20) и тоа рекордот што веројатно уште долго ќе стои. 
Таа 2009 година имаа поголеми амбиции, одиграа нерешено со Чико од Португалија, но загубија од Беране и не ја минаа групата. 



Потоа играа уште двапати, беа елиминирани од Вакер Тун и потоа од Сасја од Белгија. Пролет досега нема одиграно европски натпревар во Македонија, а така ќе биде и годинава затоа што двете средби од ЕХФ Куп ќе ги игра во Чешка, против екипата на Бањик Карвина. 

Во полуаматерското чешко првенство, Бањик Карвина кој по шест години се враќа на европската сцена котира високо. По пет одиграни кола е на четвртото место со само еден бод заостаток зад водечкото трио. Има двајца репрезентативци на Чешка од поширокиот список и евидентно ќе биде фаворит на натпреварите што ќе се играат утре (18ч.) и во недела од 10:30часот. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk