Лино купи нов голман за Загреб

Лино Червар се реши уште еднаш да брцне во џебот на ППД Загреб и да доведе нов играч меѓу „плинарите“. Откако нивниот голман Аријан Јовиќ ја дозна лошата вест дека ќе мора на операција на менискус и предни вкрстени лигаменти, стартуваше потрагата по голман што ќе им прави друштво на Урх Кастелиц и Иван Векиќ. 

Изборот падна на црногорскиот чувар на мрежата, ветеранот Радивоје Ристановиќ (36), голман што во кариерата меѓу другите клубови има брането и во Сан Антонио, Адемар, Балинген и Шамбери. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk