ТОП СТРЕЛЦИ: Година на Алекс Душебаев

Беше во Скопје цели четири години, знаеме дека е искован од шампионски материјал и има шампионски ген во себе. За целата школа што ја мина во „Јане Сандански“ на Вардар му врати со еден шампионски пехар, но вистинските плодови, ќе ги собира полскиот шампион Келце. 

Алекс Душебаев игра сезона на кариерата. Минати се само три кола, ЛШ не се ни загреала, но шампионските морници повторно ги чувствуваат навивачите на Келце. Посебно сега кога уште еден играч со шампионскиот пехар во своето си-ви пристигна од лулката во Скопје - Лука Циндриќ. 

Алекс Душебаев на три натпревари по ред го носи на грбот полскиот шампион. Двапати до победа и тоа над РНЛ и Монпеље, еднаш со само 10 играчи во поле, загубија од Веспрем. 

Просекот на Алекс е осум гола на натпревар што со однос на противниците е скор за секој респект. Но, повеќе од бројката на постигнати голови импонира неговата сигурност и дрскост во играта и храброста да преземе одговорност и да погоди. Досега постигна 24 гола, а промаши само осум шута. Од нив пет на натпреварот со РНЛ. 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ВО ЛШ
1. Алекс Душебаев - Келце - 24 гола
2. Андерс Егерт - Скјерн - 22 гола
3. Рон Делес - Вакер Тун - 22 гола
4. Јохан Хансен - Силкеборг - 21 гол
5. Драган Гајиќ - Веспрем - 19 гола
6. Иван Чупиќ - Вардар - 18 гола
7. Вуко Борозан - Вардар - 18 гола
8. Енди Шмит - РНЛ - 18 гола
9. Амин Банур, Лукас Сендел, Дарко Ѓукиќ, Алексис Гомез, Гудјон Валур Сигурдсон, Филп Тандруп, Николај Маркусен и Рамазан Доне имаат по 17 гола
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk