Шампионот губи каде и да стигне

Европскиот првак Монпеље, со речиси истиот состав со кој ја освои Лигата на шампионите пред три месеци, по три меча во новата сезона - нема освоено ниту бод. 

По Вардар и Мешков Брест, вечерва подобри од актуелниот европски првак беа ракометарите на Келце. И тоа во „Суд д Франс Арена“, во Монпеље. 

Воведот на сезоната е комплетно во знакот на Алекс Душебаев, индивидуално. И вечерва блескаше Шпанецот во дресот на Келце. Постигна 10 гола од 11 обиди и го поништи славиот шутерски ден на Лука Циндриќ (2/8), а Келце победи 29-26. 

Цело време водеше Келце, а веќе во првиот дел имаше и во неколку наврати и по четири гола плус. На полвреме беше 14-16, на стартот на вториот дел најдобриот стрелец на Монпеље, Мелвин Ричардсон (6 гола) намали на 15-16 и потоа одново се беше во знакот на Келце. Поведоа со четири разлика 20-16 и не ја успуштаа предноста до крај. Монпеље најмногу што успеа беше да намали на три негатива. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk