Спас во последната секунда за РНЛ

Рајн Некар Ловен се спаси од реми со гол во последната секунда на гостувањето кај Филип Миркуловски во Вецлар. 
Одбраната на Вецлар беше на ниво на Лига на шампиони, но Штефан Фет, довчерашниот ракометар на Вецлар беше фатален за својот бивш клуб. Резултатот е 26-25, а Филип Миркуловски постигна 2 гола од 4 обиди. Филип Талески натпреварот го заврши со запирка зад своето име. Никола Мариновиќ дебитираше за Вецлар, на местото на Јане Цветковски. 

Заврши идилата на Магдебург. Тимот што игра „најубав ракомет“, не одигра најубво на својот осми натпревар и ја прекина серијата. Фуксе Берлин беше екипата што им го нанесе првиот пораз на „гладијаторите“. 

Сега Флензбург е единствениот со сите победи. Актуелниот првак затоа реди порази во Лигата на шампионите и тоа од екипи како ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко. Како и да е Флензубрг има седум од седум и со оглед на тоа дека следниот противник му е Ерланген, наскоро ќе се искачи на првото место на табелата. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk