ЛШ: Нов шамар за Флензбург, Скјерн пројде на редот кај Лазаров

Флензбург сигурно чекори по стапките на ... Монпеље. Од разочарување во разочарување. Откако минатата недела германскиот шампион загуби дома од ППД Загреб, сега загуби и на гостувањето во Словенија, кај Целје. 
Конечниот резултат е 23-20 за Целје. Шок терпаијата со смена на кормиларот даде резултат, а новиот тренер, Томаж Оцвирк не можеше ни да си замисли подобар старт на тренерската кариера на клупата на Целје. 

Жарко Пешевски за малку ќе го срушеше шампионот на Унгарија, Пик Сегед. Македонскиот пивот постигна 5 гола од седум обиди, а средбата заврши со пораз на Украинците од 31-32. Максим Бабичев имаше шут за реми, но не успеа. 
Тоа е епилогот од натпреварот што требаше да биде „успеванка“. Пик Сегед водеше цел натпревар, на моменти и со седум гола разлика, но во последната четвртина домашните полека се приближуваа. На пет минути до крајот беше еден позитива за Пик Сегед, но успеаја да се одбранат, а откако Бомбач промаши во последната минута, шанса за реми доби и Мотор. 

Скјерн имаше добри дваесетина минути на натпреварот со Нант како гостин и водеше во таа делница со гол-два разлика. За последен пат имаа предност 14-13 во 25 минута, а потоа Нант ја презема контролата и до крајот на натпреварот ја зголемуваше. Скјерн во теорија беше во игра до 50 минута, потоа Нант уфрли во повисока брзина и ја искачи разликата на плус пет.. Конечниот резултат е 35-27, а македонскиот ас Кирил Лазаров постигна четири гола од 10 обида. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk