Нора Морк на нова операција

Една од најдобрите ракометарки во светот, Норвежанката Нора Морк ја живее најтешката година. Норвешкиот десен бек, инаку играч на Ѓер се повреди на 5 февруари на натпреварот со Нукобинг. Сериозна штета имаше нејзиното колено, вклучително со искинатите вкрстени лигаменти и други оштетувања. 

Операцијата беше успешна, рехабилитацијата одеше добро, но во меѓувреме се појавија нејзини голи фотографии па мораше и со тоа да се занимава. 

Враќањето на Нора Морк на теренот беше предвидено за следниот месец. Но, нема да биде така. Норвежанката почувствувала болки во повреденото колено и ќе мора да оди на нова операција. Европското првенство веројатно е завршено за неа три месеци пред да почне, а кога ќе успее да му се приклучи на Ѓер ќе чуеме наскоро. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk