Пораз на Аеродром, Младост дебитира дома


Екипата на Аеродром го одигра својот прв официјален натпревар со своето старо-ново име, лого... Новиот почеток не беше победнички, но може да биде задоволен тренерот Дарко Петровски од неколку аспекти. Металург 2 е преголем залак за дебитантот прволигаш и победи со 35-27 (15-11). 

Кога овие две екипи се сретнаа на почетокот на сезона Металург победи без проблеми со 10 гола разлика, а денешните осум, можат да дадат лажна слика. 

Аеродром добро се држеше и покрај негативата од 11-15 на полувреме успеа да израмни 18-18. Потоа уште еднаш стана опасност за Раде Стојановиќ и неговите избраници кога намалија на 25-26. И тука запре Аеродром, а Металург влезе во серија од 7-0 со која стигна до 33-25 и стави точка на натпреварот.  




Денеска се играат и други прволигашки натпревари. Издвојуваме деби настапот пред своја публика за екипата на Младост Богданци. 
Тие за противник ја имаат добро составената и воиграна екипа на Преспа. Гостите се фаворити, но богданчани се решени дебито да има и свечен карактер, ќе организираат и наградни игри на полувреме, за анимација на публиката која сигурни сме ќе ја исполни вечерва салата „Млаз“. 



   
 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk