Македонија втор пат подобра од Италија

Женската репрезентација на Македонија и на вториот контролен натпревар со Италија, запишаа победа. По вчерашните 26-23 на натпревар одигран зад затворени врати, денеска Македонија на натпревар отворен за публика, запиша уште една победа 29-21. 

Немаа проблеми избраничките на Симе Симовски со противникот. Водеа во текот на целата средба. Вече кон средината на првиот дел кога се одвоија на плус три гола 9-6 и според начинот на кој играа, беше јасно кој ќе биде победник. 

Ракометарките на Македонија полека влегуваат во системот на Симе Симовски. Некои се прилагодуваат подобро и побрзо, некои уште ги имаат на ум акциите што ги играат во своите клубови, но ги прифаќаат барањата на селекторот и генерално не изгледаа лошо на натпреварот со Италија. 

По точно два месеца, на крајот на ноември, Македонија во Скопје ќе ги пречека репрезентациите на Азербејџан, Исланд и Турција во битка за место што води во баражот за Светско првенство.  
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk