Аморим продолжи со Ѓер

Едуарда Аморим, бразилската ракометарка што ракометна Европа почна да ја запознава од скопското „Кале“, останува верна на европскиот првак Ѓер и во следните две години. 

Македонската снаа, Аморим (31), беше на прагот да ја заврши кариерата. Но, понудата од Ѓер ја промени нејзината одлука и останува активна ракометарка најмалку до јуни 2021 година. 

Без Вардар на големата сцена, Ѓер за единствен сериозен ривал сега ќе го има тимот на ЧСМ Букурешт. Од позадина на некакво изненадување, што во женскиот ракомет е многу ретка појава чекаат француските Мец и Брест, рускиот Ростов на Дон и вториот унгарски тим - ФТЦ Будимпешта. 

Ѓер сезонава се засили со Амандин Лејно, потоа со норвешкиот пикер Карин Братсет, а во составот им се враќа и Нора Морк, ракометарка што поради повреда ја пропушти финалната рунда минатата сезона. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk