ШТО ДА ГЛЕДАТЕ ВИКЕНДОВ: Вардар во Веспрем, ПСЖ во Загреб, Келце во Монпеље...

Вардар на гости во Веспрем и Металург во Скопје, но во „Јане Сандански“ против Татран Прешов се викенд акциите на македонските екипи во Лигата на шампионите. 
Вардар утре, Металург во недела, па така за тие што сакаат да ги следат македонските екипи нема да има проблем да се гледаат овие средби. Посебно за тиа што имаат Арена Спорт. 

Но, третото коло што почна во средата со три натпревари има уште многу што да понуди за љубителите на ракометот. 

Издвојуваме: Недела во 19:00 часот се игра мечот Монпеље - Келце. Се чини дека не можеше актуелниот шампион да добие потежок противник во полош момент. Келце не е комплетиран. Се уште им фалат Мамиќ, Кулеш, Јуркиевич, но веќе не е со 12 играчи во ростер, туку би требало да има 14. 
Монпеље во ЛШ веќе има два пораза и се наоѓа во позиција во која малкумина го замислуваа пред почетокот на сезоната. 

Лино Червар успеа од новиот Загреб да направи тим што победува големи имиња. Пик Сегед им избега меѓу прсти, но Флензбург - не. 
Сега во третото коло доаѓа патувачката атракција Пари Сен Жермен. Доаѓаат со подвиени опашки по ремито со Ним во францускиот шампионат и во ППД Загреб ќе гледаат шанса да се опавдаат. Јасно е кој е овде фаворит, но да видиме дали има Зареб сила да направи нов подвиг. 

ПИК Сегед е една од екипите што може да стане нов Вардар или Монпеље, но некако на почетокот на ЛШ, нивните партии не се многу убедливи. Сега гостуваат кај Жарко Пешевски во Запорожје и ќе ни дадат можност да видиме дали добро сме ги процениле или сме ги прецениле нивните можности. 

Погледнете ги комплетниот распоред и табелите пред викенд натпреварите од ЛШ. 


ЛИГА НА ШАМПИОНИ
РНЛ - Мешков Брест   33-27
Динамо (Б) - Вакер Тун 35-34
Висла - Рихимаен Кокс  34-18
Сабота:
15:00  Ч. Медведи - Бешикташ (Ц)
17:30  Веспрем - Вардар (А)
19:30  Кристијанштад - Барселона (А)
19:30  Спортинг - Силкеборг (Ц)
20:00  ППД Загреб - ПСЖ (Б)
Недела:
17:00  Металург - Татран (Ц)
17:00  Целје - Флензбург (Б)
17:00  Мотор - Сегед (Б)
17:00  Нант - Сјкерн (Б)
18:10  Елверум - Адемар (Д)
19:00  Монпеље - Келце (А)

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk