НОРВЕШКИ ЦИРКУЗ: Добро е што нема ниту еден „нигер“ на терен

Скандинавската, посебно норвешката спортска јавност деновиве си има тема со која си се забавува преку медиумите. 
Главната улога му е доделена на извесен норвешки тв коментатор, аматер-волонтер кој врши преноси од натпревари од норвешките лиги. 

Малерозниот коментатор кој нема повеќе од 10 натпревари зад себе, бил на работното место на натпреварот  од Втората лиха, меѓу Нотерој - Валеренга. Постојано имале технички проблеми, но во еден момент преносот тргнал, а коментаторот и неговиот соговорник не биле свесни дека нивниот „муабет“ оди во живо. 

„Добро е што нема ниту еден нигер на теренот. Многу добро“, заклучил коментаторот. За белјата да биде поголема, неговиот соговорник бил со афро потекло. 
„Дури и ти како нигер ќе се согласиш со мене“, му додал на ко-коментаторот. 

Потоа следел ладен туш, кога му соопштиле дека преносот оди во живо.

„Ако ова ова отишло во етер сум нае..л. Ќе добијам отказ“. 

Неговиот разговор, нормално, отишол во етер, некој успеал и да го сними и да го објави на Твитер. 

Коментаторот потоа се извинувал.
„Направив грешка, таков ни е хуморот. Разговарав со пријател што исто така е црн... 

Извинувања, оправдувања, осуди не само од коментаторот, следеле и од клубовите. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk