Гедбан ќе го пропушти и Веспрем

Алжирскиот голман што Вардар успеа да го ангажира и да го пријави како лејт-ентри, во последен момент, за да не ги пропушти првите пет кола од ЛШ, ќе пропушти најмалку три натпревари. 

Трансфер на играч од Африка е комплицирана работа и има многу документи за средување, а за се треба време. Па така иако Халифа Гедбан веќе е во Скопје, нема да може да патува за Веспрем, затоа што нема виза за влез во држава од ЕУ. 

На досегашните два натпревари неговото отсуство воопшто не се примери, па се надеваме дека и по треттото коло ќе можеме да го кажеме истото. 

 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk