Дамите со пресврт до победа

Женската репрезентација на Македонија на првиот контролен натпревар со Италија, забележа победа од 26-23 (8-12). 
Средбата се играше во „Автокоманда“, а на барање на селекторот Симе Симовски беше од заворен тип. Утре (петок) ќе се игра уште еден натпревар, од 16:00 часот, а таа средба ќе биде отворена и за гледачите. 

На првиот меч, Македонија прва имаше контрола, но потоа Италијанките го преземаа водството и на одмор отидоа со предност од 12-8. 
Во вториот дел, Македонија израмни (13-13), потоа поведе и со три, чети во финишот и со пет гола разлика (25-20), за конечно, натпреварот да заврши со победа од 26-23. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk