Манасков: Вардар е друг тим, но ист систем

По една неочекувана но пријатна победа над Монпеље и една очекувана над Кристијанштад, Вардар во сабота одни на нов тест за можностите. Натпревар што ќе покаже многу пореално колку и што можеме да очекуваме од Вардар сезонава. 
Македонскиот тим гостува на Веспрем, екипа годинава засилена со неколку играчи меѓу кои и Арпад Штербик и со многу поголем приситок со оглед на тоа дека минатата година ја загуби и шампионската титула.

Не му оди на Врањеш многу добро и сезонава. Тенко го победија десеткуваниот Келце, а не беа доволно добри за да направат драма во Барселона во второто коло. 
Џокерите се речиси потрошени и Веспрем во игра може да го врати единствено победа над Вардар. И велат ќе сторат се за да победат. 

„Играме на домашен терен и по поразот во Барселона мораме да победиме на овој натпревар. Ќе биде тешко, Вардар игра добар ракомет. Имаат различен тим од лани, но ист систем играат со години. Го победија Монпеље, го уништија Кристијанштаф. Ние мораме подобро отколку во Барселона. Ќе дадеме се од себе пред нашите гледачи да славиме победа“; изјави Манасков. 

Момир Илиќ долго време беше најдобриот бек на Веспрем, но годините си минаа, а на сцената дојдоа нови лица. Илиќ и натаму е меѓу најдобрите. Сигурно, меѓу најискусните. 

„Ги гледав нивните натпревари во ЛШ и нешто од СЕХА лигата. Во добра форма се. Ние мораме да сме 100 % спремни за тешка борба. Ако сме фокусирани и дисциплинирани, мислам дека имаме добри шанси да победиме“; изјави Момир Илиќ, бекот на Веспрем. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk