(ФОТО) Монтиран е висечкиот семафор во „Борис Трајковски“

По десет години постоење, Салата „Борис Трајковски“ денеска одново има сошто да се пофали, а  од утре ќе има и нешто ново да им понуди на гледачите што ќе доаѓаат да гледаат натпревари. Во салата денеска е монтиран новиот висечки семафор, а Македонија добива модернизиран, репрезентативен објект по високи стандарди. 

Големиот висечки семафор денеска е „кренат“ и поставен и доколку луѓето задолжени за неговата монтажа успеат навреме да го инсталираат целиот софтвер и да го приклучат би можел да „светне“ уште утре на натпреварот меѓу Металург и Бешикташ од ракометната Лига на шампиони и да им понуди на гледачите едно поинакво искуство.

„Борис Трајковски“ е првата македонска сала што има ваков семафор. Семафорот е тежок повеќе од 3,5 тони конечно е на место, во прв момент поради статиката да салата нема да биде на центарот на игралиштето, туку на центарот на салата кој е неколку метри настрана, но штом се направат потребните прилагодувања, ќе биде поместен и ќе биде точно над центарот на игралиштето. Поврзан е и со озвучувањето, па така ќе биде решен уште еден проблем што со години ги иритираше (ушите) на гледачите во салата. 

„Позитивно решивме еден голем проблем. Многу сум задоволен што успеавме да ја направиме оваа инвестиција, да направиме нешто убаво за салата и да приднесеме уживањето на гледачите да биде комплетно додека ги следат спортски и културните настани во 'Борис Трајковски'. Продолжуваме и понатму со инвестиции и со усовршување на можностите на објектот за да ги имплементираме сите стандарди што ги имаат најубавите сали во Европа. Оваа инвестиција нема да биде само за задоволство на гледачите, туку ќе приднесе и за олеснување на патот на федерациите за добивање на организации на европски и светски натпреварувања“, изјави директорот на салата Александар Петровски - Сајкал. 


Рековме по 10 години откако е изградена салата во која за тој период не е многу инвестирано, се раздвижија работите откако директор стана Александар Петровски.
Реновирани се соблекувалните, решавани се проблеми со инфраструктурата, направена е ВИП соблекувална, стандардите се кренати, перформанските подобрени.
Тоа се работи кои се скапи, но главно „невидливи“ за гледачите што доаѓаат на натпреварите. Семафорот е прва поголема инвестиција која ќе послужи директно за посетителите да имаат многу различно и многу подобро искуство.

Најавено е и понатамошно модернизирање на салата и на просторот околу неа. 

Галерија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk