Прими 82 гола и беше играч на натпреварот

Во Африка, во Мароко се игра јуниорски и кадетски шампионат на континентот, од каде што ја преземаме информацијата на Ракометен Канал, која ни ја носи приказната за Мавританија. 

Кадетите на Мавританија беа поразени со 82-7 на дуелот со Алжир. И покрај 82 примени гола, нивниот најдобар играч беше - голманот. 

Ако ве интересира како е можно да се примат дури 82 гола на еден натпревар... Натпреварот изгледа вака: Мавританија е со само осум играчи на првенството. Противниците не мора да прават многу на нивните натпревари затоа што по три-четири додавања прават грешка, а нападите им траат по неколку секунди и главно завршуваат со шут веднаш штом имаат празен простор. Тие шутеви во најголем дел завршуваат над голот и тоа по метар-два. Потоа следи контра напад и така голманот одвреме-навреме ќе одбрани некој шут. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk