Закажана операцијата на Горбок

Бекот на Вардар, Сергеј Горбок ќе биде опериран во среда, во Загреб. За операцијата и опсервација на процесот на рехабилитиација ќе биде одговорот докторот Саша Јанковиќ кој е дел од докторскиот тим на светскиот вице-шампион, фудбалската репрезентација на Хрватска. 

Сергеј Горбок, летово, по пауза од две години се врати во Вардар. Ги одработе подготовките и ја почна сезоната, но се повреди на тренинг, неколку дена пред натпреварот од СЕХА Лигата со Железничар. 

Снимките направени со магнетна резонанса покажаа дека се работи за повреда на предните вкрстени лигаменти. Операцијата е неизбежна, а процесот на рехабилитација е долг. Сезоната за него можеби не е завршена, но со сигурност во оваа календарска година нема да го видиме на терне, а сосема сигурно нема да игра ниту на мундијалот што во јануари ќе се одржи во Германија и Данска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk