Колев влезе во серија победи

Марјан Колев и Ница претрпеа пораз во првото коло од женскиот шампионат на Франција од Нант (21-22), но од тој момент заклучно со вчерашното четврто коло, заредија со победи. 

Три победи по ред има Ница, од која исклучително важна е вчерашната извојувана над директен ривал, Флери, на гостински терен (29-28). 

Ница со оваа победа се искачи на делба на 2-5 место заедно со Париз 92 и Безансон. На врвот се двата најбогати и најсилни клуба, Брест и Мец, а веднаш зад Ница со скор од две победа и два пораза е екипата на Шамбре. Во вој тим игра македонската ракометарака Теодора Керамичиева. Таа на досега одиграните четири натпревари има постигнато еден гол. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk