Алжир не дава сертификат за Гедбан

Вардар ни крив ни должен е доведен во незавидна положба во својот обид да ангажира нов голман на местото на Страхиња Милиќ. Потрагата го одведе до Пуенте Хенил од Шпанија, екипата што летово го ангажираше јуниорскиот репрезентативец на Алжир, Халифа Гедбан и го обврза со двегодишен договор. 

Вардар и Пуенте Хенил најдоа заеднички јазик. Според нашите неофицијални информации, Вардар и си ја платил ослободувачката клаузула. Но, тогаш во игра стапил Алжир. Тој не издал сертификат за Халифа Гебдан затоа што наводно младиот Алжирец има валиден договор со Петролерс каде што играл аматерски уште две години. 

Пуенто Хенил исто така немал добиено сертификат за Гедбан и доколку Вардар не успее го комплетира трансферот, тогаш Шпанците ќе мора да му ги вратат парите за отштета. 

Во целата приказна веруваме дека ќе се согласите, се чини дека Алжир дали преку нивната федерација или клубот, виделе шанса да заработат на Гебдан. Посебно затоа што трансферот треба да биде во Вардар, клуб што до лани „не прашуваше за цена“. Не можеме да претпоставиме како би завршила приказната доколу Вардар не беше во игра и Гедбан требаше да продолжи во Шпанија. 
И во македонскиот клуб годинава приказната е поинаква, а најголемиот проблем е што веќе нема ни време. Утре на пладне завршува рокот за пријавување на играчи (со задоцнет трансфер) и потоа во следните пет кола од Лигата на шампионите. 

Дали Гедбан, Салдаценка или некој друг, Вардар има уште пола работен ден да верификува. Во спротивно во првите пет кола нема да може да пријави засилување. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk