Стојановска од Полска се сели во Ниш

Македонската репрезентативка Симона Стојановска, по една година мината во дресот на Погон Шчечин од Полска се враќа поблиску до Скопје. 
Интернационалната кариера ќе ја продолжи на околу 200 километри од Скопје, во Ниш. Таму како ракометарка на Наиса ќе се обиде да го направи следниот чекор во кариерата. 

„Кон средината на јуни имав понуди од Шпанија, Словенија и од Наиса. Се решив за Ниш, затоа што ми е многу поблиску до семејството“, изјави за Журнал, македонската ракометарка. 


Стојановска е член на списокот на селекторот Симе Симовски, можеби со играњето во Ниш ќе го засили и статусот репрезентативка. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk