Гигу ја загуби капитенската лента

Во својата 18 сезона во дресот на Монпеље, само неколку месеци откако го подигна шампионскиот пехар во Келн, легендарниот француски ракометар Мишел Гигу ја загуби капитенската лента. 

Мишел Гигу беше капитен на Монпеље од 2012, а следната сезона капитенската лента ќе ја носи Валентин Порт. Тој, пак, во Монпеље дојде во 2016 година од Тулуз. 

Францускиот весник Л'Екип вели дека промената на капитенот значи дека Патрис Канаје, вечниот тренер на Монпеље одново си ја одбележува територијата. Нешто во редовите на европскиот шампион не  е како што било до вчера, а дали ќе има рефлексија врз играта на клубот, ќе покажат натпреварите. 

На првиот од нив, во Лигата на шампионите, Монпеље го пречекува Вардар. Монпеље на тој натпревар нема да може да смета на Мишел Гигу. Тој се рехабилитира по повредата на коленото и нема да биде на терен до средината на октомври.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk