Циндриќ го пропушта стартот на сезоната

Најголемото засилување за Келце, вардаровецот Лука Циндриќ нема да биде дел од полскиот тим на стартот на сезоната. 
Како што пошува SportoweFakty, Циндриќ ќе се рехабилитира од повреда на мускул. Сигурно нема да игра на овторањето на полскиот шампионат, против Гвардиа Ополе, но оваа повреда го става во неивзеснот и неговиот настап на стартот на Лигата на шампионите. На 15 септември, Келце оди на опасно гостување во Унгарија, кај Дејан Манасков, Арпад Штербик и Веспрем. Овие екипи се во иста група со Вардар. 

Покрај Лука Циндриќ, проблем за Талант Душебаев се и повредите на Михал Јурецки и Криштоф Лијевски. И тие двајца нема да играат на стартот на полскиот шампионат, а би требало да бидат спремни за дуелот со Веспрем. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk