Загреб го прибра Ќерими

Белгиското засилување за Металург, Арбер Ќерими, место во „Автокоманда“, заврши во ростерот на Лино Червар, во Загреб. 
Хрватите денеска официјализираа дека потпишале договор со Ќерими, а и тој се јави со изјава дека е многу среќен што потпишал за толку голем клуб. 

Со тоа стана јасно дека зад неговото одолговлекување на потписот со Металург и барањето за промена на делови од договорот, всушност стоел ППД Загреб со своја понуда. 

Металург „извиси“, но нема кому и за што да се лути. Посебно не за играч од калибарот каков што е Ќерими, можеби единствено за фактот што Лино Червар им краде играч, но на крајот на денот можеби им направил и услуга. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk