Бешикташ му барал на Вардар 300.000 евра

Потрагата по квалитетен голман во еден момент го однела Вардар и до портите на истанбулскиот Бешикташ. Целта била Мустафа Хендави, интернационалецот од Египет. 

Но, Турците знаат каков голман ангажирале и на Вардар му побарале отшета од 300.000 евра. Информацијата вчера ја објави Планет-Хендбал, наши извори потврдуваат дека било така, иако официјално нема потврда.

Јасно таквата цифра за Вардар ни оддаелку не била прифатлива и трансферот пропаднал. 

Потрагата на Вардар по голман продолжува, покрај Хендави слушнавме и за други неуспешни обиди, но тоа што не интересира е обид што ќе биде успешен. Во меѓувреме Дејан Милосављев ќе биде решението на голот на „црвено-црните“. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk