Олимпијакос го изненади Пелистер

Грчкиот Олимпијакос го совлада Пелистер во првото коло од Меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“ што се игра во Битола. 
Олимпијакос славеше со 31-27 (15-15) откако во вториот дел успеа да се врати од негатива од четири гола и на крајот и да победи со четири разлика. 
На првиот натпревар на турнирот, Кокс од Финска го совлада Бутел Скопје со 28-22 (15-9). 

Денеска Пелистер ќе игра со екипата на Шербур од Франција, а во групата „А“ ќе се сретнат Селкаспор и Кокс.  
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk