Двајца металурзи одат на магнет

 
Десниот бек на Металург, Мартин Велковски во првото полувреме од дуелот со Вардар поради повреда на коленото мораше да го напушти теренот и веќе не се врати во игра. Како што сме информирани, при доскок, почувстувал дека нешто не е во ред со коленото. 
Првите прегледи упатуваат на тоа дека можеби има оштетувања на мекото ткиво, но за повеќе информации и што е побитно конкретна дијагноза ќе мора да се сними со магнет. 

Една белја не оди сама, па така на снимање со магнетна резонанца ќе оди и уште еден ракометар на Металург - Димитар Димитриоски. играч од позицијата лево крило и централен бек. Тој се судри, односно доби удар од Скубе во финишот на натпреварот, има оток, подлив, па ќе се прегледува дополнително. 

Следниот натпревар на Металург е на 4 септември во Брест, Белорусија. Не веруваме дека некој од овие двајца ракометари ќе биде спремен за настап,  иако кај Димитриоски шансите за настап се поголеми. Но, очекуваме информација за тоа ако паузираат колку ќе трае тоа и каков ќе биде процесот на рехабилитација, 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk