Стоилов избегнува операција

Македонскиот репрезентативец Столе Стоилов нема да мора со операција да ја санира фрактурата на показалецот на шутерската рака.

Повредата е незгодна и ќе пројде доста време додека го видиме Стоилов повторно на терен. Четири до пет недели ќе мора да носи гипс, потоа следува терапија за враќање на атрофираните мускули и на терен го очекуваме кон крајот на ноември, почеток на декември.

Ќе ги пропушти дуелите со Турција и Грција од квалификациите за ЕП 2020, но најважно за репрезентацијата, ќе биде спремен за настап на СП Германија и Данска.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk