Младост Богданци роденденски славеше над ЦЕМС

Екипите на Младост Богданци и ЦЕМС 2018 вчера одиграа пријателски натпревар што заврши со победа на домашната екипа 33-32 (16-16). 
Ова два клуба што годинава ја почнуваат својата авантура низ прволигашките терени имаат во своите редови неколку играчи на кои вреди да им се посвети внимание. Но, пораката што ја испратија вчера е поважна од натпреварот. Клубовите воспоставија пријателски односи, соработка, а натпреварот беше почеток на нивното дружење. 


Натпреварот привлече убава бројка на гледачи во салата

Денот на натпреварот се поклопи со 41. роденден на екипата на Младост Богданци, некогашниот важен член на македонскиот ракомет. Со текот на годините овој клуб отиде во друг правец, но заживува ракометот на југот. Вчера, по слободна проценка имаше околу 400-500 гледачи во салата, а таква бројка за пријателски натпревар на две од утре прволигашки екипи е повеќе од добра и е најава дека во Богданци ќе се гледа ракомет сезонава. 

Претседателот на Центарот за едукација и менаџмент во спортот, Бојан Захариев им предаде во име на ЦЕМС благодарници на Мите Стоилов и Никола Роглев за придонеси во развјот на спортот


Мите Стоилов доби благодарнициа за придонес во развојот на спортот


Никола Роглев во име на Младост Богданци доби благодарница

Публиката имаше убава можност да ги види на дело младите ракометари на Младост засилени со неколку проверени играчи, пред се Мите Стоилов, Никола Роглев и Горан Паунков. ЦЕСМ во Богданци допатува без повредениот пикер Стојчевиќ и без првиот избор на лев бек, Омерагиќ, но на гледачите во „Млаз“ им демонстрираше убав тактички модерен, школски ракомет и борбеност со која освоија аплаузи. 

Резултатски беше постојано израмнето. Во првиот дел Младост имаше мала резултатска контрола, во продолжението ЦЕСМ диктираше резултат. Мите Стоилов кој на средбата постигна 14 гола, заедно со Роглев кој постигна 7 гола го одржуваа Младост во игра, па на одмор се замина со резултат 16-16. 
Во второто полувреме ЦЕМС имаше повеќе од водството, а натпреварот се прекрши во последните седум минути. Тогаш на голот на Младост застана Паунков, веднаш одбрани два седмерца и уште три шута од добри позиции на противникот и Младост стигна до водство од 33-31, кое гостите го намалија, но не успеја да го стигнат.




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk