Вардар победи, но не се прослави

Вардар, очекувано, посебно по супер-лесниот триумф над Металург во Струга, го доби и првото СЕХА дерби. Црвено-црните славеа со 34-28 и запишаа три бода, но има и добри вести за Металург од овој пораз, а спротивно за Вардар. 

Вардар со оглед на составот, состјобите во „Автокоманда“, начнот на кој се подготвуваа двата тима, требаше лесно и убедливо да ја добие оваа сребда. Но, не беше така. 

Металург беше рамноправен, во делници од натпреварот и подобар противник, а Вардар проблемите ги решаваше не како колектив, туку индивидуално. И тоа против Металург даде резултат, но наскоро доаѓаат противници од поинаква сорта. 

Вардар го диктираше резултатот, но Металург му беше веднаш зад петиците. 10-10 беше, потоа Вардар искористи еден период на слабост и покаже дека може да влезе во серија. Зголемија на 14-10 домашните, но не се одлепија, туку на полувреме загубија пола од предноста (15-17). 
Во вториот дел се играше гол за гол во првите десет минути, а во еден момент Металург израмни 20-20. По ова Вардар притисна, Металург погоди и неколку стативи и резултатот брзо се зголеми. Стигнаа до безбедна дистанца вардаровите играчи и мирно го приведоа кон крајот натпреварот. 

Рожерио беше незадржлив за одбраната на Металург, постигна 8 гола, а на спротивната страна Јагањац со 6 гола беше најефикасен, 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk