Почина Левон Акопјан

Руската ракометна федерација денеска објави дека починал тренерот на Лада Тољати, Левон Акопјан имаше 73 години и се уште на извршуваше функцијата тренер. Иако, веќе подолг период поради влошената здравствена состојба, не патуваше на гостувањата на клубот. 

Левон Акопјан имаше добри конекции и со Македонија. Уште од времето кога беше тренер на Динамо Волгоград со кој Кометал Ѓ. Петров ги одмеруваше силите. Сигурно имаше големо влијание за трансферот на неколку играчи во Кометал, а и самиот во 2008 година на Европското првенство во Македонија беше во улога на советник/селектор на македонската женска репрезентација. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk