Серафимов ги брка Тимо и Чковребадѕе

Македонскиот десен бек Мартин Серафимов по четири одиграни кола е најефикасниот макеоднски ракометар на ЕХФ Шампионатот. Тој има постигнато 31 гол, два повеќе од Ненад Костески, а и двајцата се во потера по во моментов водечките Алфред Тимо, центар на Естонија (34 гола) и неприсконовениот Грузиец Гиорги Чковербадѕе кој денеска имаше уште една голема партија и постигна 10 гола против Италија. 

Сега тој е далеку напред, со 42 постигнати гола. На крајот на денот тоа може да и биде и единствената утеха на Грузија која не успеа да обезбеди полуфинале. 

Малку познат факт е дека Гиорги Чковребадѕе пред „икс“ период им бил условно кажано понуден и на македонските екипи Вардар и Металург. Но, тие „не сакале ни да слушнат“.
Тој сега е ракометар на Монпеље, а на овој турнир се прослави откако на Белорусија и даде неверојатни 20 гола!
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk