Јовановска „слета“ на Исланд

Македонската репрезентативка Дајана Јовановска денеска му се приклучи на својот нов тим - ХК Копавогс од Исланд. 
Јовановска со исландскиот клуб потпиша договор за две сезони, со тоа што за втората сезона ќе треба уште еднаш да се договорат. 

„Денеска му се прилучувам на тимот, утре заминуваме на подготовки во Шпанија. Клубот е добро организиран, има повеќе спортски секции. Се натпреварува во најсилната лига која годинава е засилена затоа што неколку клубови ангажираа ракометарки од странство. Клубот сакаше двегодишен договор, но се договоривме за една сезона со можност да биде продолжен договорот и за втората“, изјави Јовановска. 


Јовановска (25) е поранешна ракометарка на Феникс, Металург, а ова нема да и биде прво меѓународно искуство. Минатата сезона ја мина во редовите на романската екипа Галаци. 
Во репрезентацијата е стандарден играч од кого многу (ќе) се очекува, а и на селекторот Симовски сигурно му е полесно сега кога знае дека уште една репрезентативка оди во средина каде што ракометот е популарен спорт и се игра на професионално ниво. 

foto: FB/Dajana Jovanovska
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk