ЕХФ му прости на Микел Хансен

ЕХФ му изрече казна на Микел Хансен од околу 4.000 евра, затоа што на полувремето од натпреварот со Шведска, одигран во рамки на Европското првенство во Хрватска, ја оттурнал девојката (стрјуард) која во поддтрибинскиот простор ги насочувала играчите по кои коридори смеат односно можат да се движат. 

Казната е укината, поради - недостаток на докази. На снимката не се гледало добро, а изјавите се спротивставени. 
ЕХФ има дузина правила за движењето и однесувањето во поддтрибинскиот простор на првенствата. И сите репрезентации ги почитуваат, освен Данците. Тие имаат посебни правила, а ЕХФ има кренато раце од докажување со нив. 
Со репрезентацијата на Данска, лично, имаме искуство од неколку првенства и искрено, воопшто не не чуди да е вистина тоа што девојката тврдеше дека Хансен ја оттурнал и веројатно и вербално ја „нападнал“. Тоа што ЕХФ не може да го докаже, е друга работа. 

Хансен мина со опомена, а на следниот шампионат ќе игра во својата сала, на СП, каде што одново за Данците ќе важат само нивните правила. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk