Семафорот ќе „светне“ за Лигата на шампиони

ЕХФ Шампионатот беше причина поради која деновите ги минувавме во „Борис Трајковски“. Украсена со рекламни паноа, салата имаше поинаков изглед, но приметливо беше дека се вршат зафати и низ соблекувалните, а најавите се дека на ред доаѓаат интеревенциите што ќе бидат видливи и за гледачите.

Директор на салата е Александар Петровски. Спорскиот свет го познава како играч на Вардар, Металург, тренер во Металург, асистент на Лино Червар, сега мастер коуч... Естрадата го познава како дел од Авалон, агенција број еден на Балканот за организирање на концерти,  сопруг на познатата македонска пејачка Кристина Арнаудова...



Мина една година, редот дојде да го видиме на лице место и да слушнеме како се снаоѓа во позицијата директор на ваков објект.

„Минува една година откако сум назначен за директор на салата и искрено засега сум задоволен од тоа што го имаме сработено. Далеку сме уште од целта, но но одиме по вистинскиот пат.
Прва работа што сакам да ја издвојам е дека салата веќе нема никакви долгови, ниту пак против нас има судиски спорови за долгови", изјави Петровски. 

Чистата сметка значи и долга љубов, но одржувањето на ваков објект не е едноставна работа. Особено ако со години не бил одржаван туку шминкан.

„Наследивме многу проблеми. Но, голем дел од работите и проблемите со кои се занимаваме првава година не видливи надворешно. Еве како пример ќе наведам дека луѓето што имаат продавници и објекти во салата имаа проблем затоа што им прокиснуваше во објектите“.

Екипите се жалеа на цените, музичките ѕвезди сигурно, гледачите, пак, на температурите во салата...

„Ја намаливма ценаат за ладење во салата. Тоа беше голем проблем. Посебно за концерти, артистите откажуваа настапи или откажуваа ладање, прескапо беше не им се исплатеше, исто и за спортските екипи важи... Сега цената е намалена четирикратно и това веќе не е проблем.

Беше најавен нов семафор, озвучување, осветлување...

„Се надевам дека до почетокот на Лигата на шампионите во ракомет во септември ќе успееме да монтираме новиот централен семафор. Ќе се потрудиме тоа да биде пред да почне првиот натпревар. Но, да не бида така, секако тоа ќе биде средено во најскоро време.  Тоа ќе биде првиот семафор во Македонија од таков тип. Озвучувањето е на дневен ред ќе се потрудиме што поскоро да го средиме и во салата да има чист звук, а не крчење на звучници.
Следната година ќе го средиме и осветлувањето. Сегашново не само што е скапо, непрактични туку и грее. Ќе одиме со помодерна варијанта, ќе може да се праи и лајт шоу во салата и слично“.


Низ салата можеме да видме дека нешто се работи, реновира?

„Внатре во салата ги реновиравме соблекувалните.  Отануваат уште финеси што ќе ги завршиме откако ќе пројде првенсвото. Навистина не беше пријатно кога ќе дојдеа музички ѕвезди да ги носиме во претходните, исто важи и за екипи, делгати, судии...
Направивме и ВИП соблекувална, во завршна фаза од реновирање е . Место за одмор на ВИП гостите. Ќе работиме и на трибините, ќе мораме да ги решиме некако и новинариските позиции..


Во склоп на салата е и Аква Паркот...

Аква паркот доби нов лик. Отворен е третиот шанк и ние и Јавно здравство постојано врши контрола на квалитетот на водата. Додадовме уште лежалки, има многу мали новитети во Аква паркот. Цените внатре се нормални...

 
 
 

Галерија

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk