Дарио Петровски доаѓа во Струга

Еден од најдобрите јуниорски играчи на Македонија и стартет во тимот на Данило Брестовац на ЕХФ Шампионатот, Дарио Петровски, летово ќе направи трансфер и ќе заигра за екипата на Струга. 

Петровски во Струга ќе игра под команда на Доне Бошковски, како што во еден период минатата сезона играше и во Еурофарм. Откако Илија Темелковски стана тренер, Петровски го загуби статусот во клубот и стана прекуброен и далечна резерва. И ако останеше и сезонава, истата приказна немаше да му избега.
Сега под команда на Бошковски, одново се надева на прогрес во кариерата. 

Информацијата не е официјално потврдена, оттука и не можеме со 100 % сигурно да потврдиме и дека ќе биде реализирана. Утре треба Петровски да и се приклучи на Струга и се да биде дефинирано. Дали ќе биде позајмен играч, дали комплетен трансфер... 
Се заврши ли како што очекуваме, тоа ќе биде win-win ситуација за сите. Струга добива добар играч во кого ќе може да вложи труд, што е и нивна определба. Петровски добива клуб каде што ќе има минутажа и каде што ќе водат сметка за неговиот напредок. Еурофарм на крајот на денот, ќе добие готов производ, без да прави уше поголема мешаница во својот ростер. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk